Поради недостиг на работници, Хрватска вработува турстички работници дури од Филипини
Откако се отворија границите и туризмот се врати во нормала,барем што се однесува до посетите и движењата на луѓето, туристичките места се соочија со друг проблем- недостаток на луѓе кои ќе ги опслужат дојдените туристи. Ова е проблем што го доживуваат сите популарни туристички дестинации во Европа - Франција, Шпанија,Грција и секако Хрватска
Поради хроничниот недостиг на работници во туризмот, Хрватска регрутира луѓе во соседните балкански земји, многу Македонци веќе се на сезонска работа во Сплит, Ровињ, Дубровник и сл.А на нашиот сајт Вработување.ком се уште постојат отворени огласи за работа во Хрватска.Но Според официјалните проценки, оваа година туристичката индустрија Во Хрватска би можела да има недостиг од 10.000 работници па затоа ги бара дури и во Азија.
Состојбата е загрижувачка“, вели Станислав Бришкоски, сопственик на ресторан во Ровињ и претседател на Еснафот на угостители.
Во земјата каде туризмот е едена петина од севкупниот приход од економијата годинава очекуваат рекордна посета
Во првите пет месеци од оваа година,имало речиси три пати повеќе туристи од минатата година што е добар знак за шпицот на летната сезона во јули и август.
Лани Хрватска која има 3,8 милиони жители била домаќин на рекордни 21 милион посетители во 2019 година.
Недостатокот на работници стана се поголем со приемот на Хрватска во ЕУ во 2013 година од кога повеќе од 250.000 Хрвати ја напуштија земјата во потрага по подобар живот во Германија, Австрија или Ирска.
Една филипинска агенција за вработување, на Хрватската ривиера веќе донела 1.700 други луѓе. Уште 500 треба да се вработат до крајот на годината како готвачи, собарки, келнери и пекари.
До јуни во Хрватска се издадени повеќе од 51.000 работни дозволи за странци, главно во градежниот сектор, а потоа угостителството и туризмот.Тоа е речиси двојно повеќе отколку во истиот период во 2021 година, а оваа година се очекува да бидат издадени речиси 100.000 дозволи.