Сте размислувале ли во која од поголемите македонски компании би се вработиле доколку имате можност? Направивме анкета на оваа тема, а понудени опции беа дел од најголемите македонски компании. На анкетата одговориле 1.468 испитаници. Еве ги резултатите:
1% од испитаниците се одлучиле за Млекара АД Битола, 2% за Прилепска Пиварница, по 3% за Зегин и А1 Македонија, а 4% би работеле во Витаминка.
Следна компанија на листата е Македонски Телеком, за која се изјасниле 7% од испитаниците. 8% од испитаниците би работеле во Пивара Скопје, а дел од коментарите на испитаниците се „Најдобра компанија со најдобри услови за работа. Една од посигурните компании во земјава.“
12% ја избрале ЕВН Македонија како компанија во која би работеле доколку имаат можност. „Одлични плати и работни услови“ - коментираат испитаниците.
За Макпетрол се изјасниле 14% од испитаниците. Во еден од коментарите за оваа компанија стои „Одлично организиран систем на работа“.
Дури 41% од испитаниците (601) се изјасниле дека би работеле во Алкалоид. Од многуте позитивни коментари издвојуваме: „Алкалоид ќе ја изберам, бидејќи е компанија со долгогодишно искуство и економски одржлива на пазарот, со развиен систем на општествена одговорност. Грижата за здравјето на сите луѓе, а посебно здравјето на децата, ја прави сама по себе „благородна" работа. Во време на економска криза и пандемија во светски размери, води грижа за здравјето на своите вработени, нивните семејства и наоѓа начин за навремена исплата на плати, нови вработувања, мотивација на вработени и нивен постојан развој. Сметам дека во оваа компанија можам многу да научам и да допринесам во иднина.“ „Затоа што е една од најдобрите и најодговорни фирми во Македонија и во Европа. Остава простор за развој на младите и поголем интерес кон целта во нивниот живот.“
5% ја избрале опцијата „Друга компанија“.
Сите одговори и коментари можете да ги видите на ЛИНКОТ.
Во тек е нашата нова анкета во која прашуваме: Кое е најнепристојното прашање на интервју за работа според вас? - Одговорете на ЛИНКОТ.