Веќе неколку години на Балканот е забележлив трендот на купување недвижен имот на море и на атркативни туристички дестинации, а во последно време особено е актуелно купувањето на станови, апартмани и вили во Турција. Ако ја погледнеме понудата и цените на недвижностите на турскиот брег на Медитеранот, станува многу очигледно и јасно зошто.
Додека во Скопје, на пример, за 70.000 евра можете да купите еднособен стан, а тешко дека ќе ја најдете на атрактивна локација, во Турција, во Аланија, за истите пари можете да купите комплетен, а во повеќето случаи и луксузен наместен стан од 50 квадрати на околу 300 метри од плажата.
- Моментално за некои 55.000 евра може да се најде многу пристоен опремен стан во близина на плажа, со една спална соба, дури и наместен. Има и поевтини станови, но тоа се згради подалеку од морето и постари, без никакви придружни објекти. За станови со две или повеќе соби потребно е да се издвојат 70.000 евра и повеќе. Куќите и вилите, во зависност од тоа дали се нови или користени, се движат од 120.000 евра до половина милион и повеќе, изјави за Блиц Бизнис агенција за препродажба на недвижности во Турција.
Цените
Најевтиниот стан кој моментално се огласува за продажба на бреговите на Турција е во Аланија, т.е. Авсалару. Мала гарсоњера од 36 квадрати, на околу километар од морето, која како и речиси сите останати недвижнини што Турците ги нудат на продажба, е целосно и луксузно опремен, моментално се продава за 46.000 евра.
Најголемиот број моментално огласени станови се движи во ценовниот опсег од 60.000 до 80.000 евра.
Цената на недвижниот имот во Турција не се одредува по квадрат, туку според положбата на зградата, бројот на катови и опремата.
На пример, најдовме трособен пентхаус дуплекс од 140 метри квадратни, на самиот брег на морето во Аланија, се продава по цена од 174.000 евра. Покрај сите премиум содржини, овој станбен комплекс има и кино.
Како до стан во Турција
Според законот од 2012 година, на граѓаните од над 120 земји им е дозволено да купуваат недвижен имот во Турција, а за почеток потребен е само пасош.
Што се однесува до дополнителните трошоци, тука се трошоците за вештачење, изработка на имотен лист, употребна дозвола за стан, годишен данок, трошоци за приклучок на вода и струја, како и трошоци за одржување.
Проценка на станот, т.е. вештачењето чини во просек од околу 167 евра до околу 240 евра, изработката на имотниот лист е 4 отсто од проценетата вредност на станот, а трошокот за употребна дозвола е од 700 до 2.000 евра. Цената на приклучокот за вода и струја е околу 600 евра. За некои градежни компании овие трошоци се вклучени во цената на станот.
Годишниот данок е околу 0,3 отсто од вкупната проценета вредност на станот. Што се однесува до месечното одржување на зградите, тоа зависи од „придружните објекти во комплексот“. Тие можат да изнесуваат најмногу од 50 до 60 евра.