Од полноќ дизелот поевтинува, бензините остануваат со иста цена
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83% во однос на одлуката од 27.06.2022 година.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 109,00 ден/лит, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 111,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 53,305 ден/кг.
Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V), изнесува 106,50 ден/литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) се намалува за 2,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 105,00 ден/литар
Од 30.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – Еуросупер БС – 95 – 109,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – Еуросупер БС – 98 – 111,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – Еуродизел БС (Д-Е V) – 106,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 105,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 53,305 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,460%, кај дизелот намалување во просек за 2,480%, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,201% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,032%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.