Постои поделено мислење во светот во однос на тоа дали напредокот на вештачката интелигенција повеќе ќе отвори или ќе затвори работни места. Едно истражување спроведено од ревизорската куќа PwC вели дека бројот на отворени и затворени работни места ќе биде голем и речиси изедначувачки
Вештачката интелигенција и сродните технологии би можеле да истребат до 7 милиони работни места во Велика Британија во следните 20 години, но исто така, би можеле да создадат можност за отворање на дури 7.2 милиони нови работни места во другите сектори, проценува ревизорската куќа PwC.
Сите сектори нема да поминат еднакво
Во Велика Британија напредокот на вештачката интелигенција до 2037 година би можела да згасне 25 проценти од тековните работни места, во секторот финансии и осигурување до 7 проценти, а во секторот трговија до 3 проценти.
Од друга страна, во секторот образование се проценува дека благодарение на вештачката интелигенција ќе бидат отворени дополнителни 3 проценти нови работни места, во комуникациите до 8 проценти нови работни места, а во секторот здравство и социјални услуги како резултат на AI ќе се отворат дури 22 проценти дополнителни работни места.
Еуан Камерон, шеф за AI во британски PwC проценува дека четвртата индустриска револуција ќе ги фаворизира оние со значителни дигитални вештини, како и оние со вештини какви што се креативност и тимска работа бидејќи овие вештини е невозможно да се реплицираат на машините.