Од половина евро до четири евра, во зависност од видот на сместувањето, ќе бидат повисоки цените во Грција во изнајмените апартмани и хотелите, поради новиот данок на престој што стапи во сила на почетокот на годинава.
Значително поскапа е и храната но и угостителските услуги.
Проценките се дека и тука ќе потрошите 100 евра повеќе од лани.
Грубата математика вели дека ако сакате да поминете во идентична атмосфера како и лани, за 10 дена ќе ви требаат околу 200 евра плус.