Албанија изминативе години стана популарна летна туристичка дестинација за Македонците
Причина е преубавиот излез на Јадранското и Јонското Море, но сепак клучна улога играат и цените, кои се пониски и до 40% во споредба со Грција, Црна Гора или Хрватска.
Во однос на сместувањето, цените се движат во просек од 20-40% поевтино во однос на сместувањето во Грција.
Во екот на туристичката сезона цената за апартман за 4 лица цената е околу 40-50 евра за ноќ, додека хотелското сместување за две лица полупансион (со појадок) е околу 60 евра и 120 евра за полн пансион, односно престој со појадок, ручек и вечера.
Такси превозот низ летувалиштата ќе ве чини од 4-9 евра.
Две лежалки и чадор на плаќа се изнајмуваат по цена од 5-10 евра, зависно од местото.
Храната е со пристапни цени, па така брза храна за две лица може да ве чини околу 5 евра.
Богата вечера во ресторан за две лица е околу 22 евра.
Во популарниот интернационален бренд за брза храна KFC оброкот ќе ве чини околу 4-5 евра. Пицата е 4-6 евра, а готвени јадења може да најдете по цени од 3-6 евра.
Пивото е 1,2 евра, кафето и газираните пијалаци едно евро.
Во Драч цените се најниски од сите летувалишта во Албанија, додека во северниот дел цените се за нијанса повисоки.