![Заврши штрајкот на вработените на париските аеродроми](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/85/9aa68e58-resize-820x0x100.jpg)
Вработените на париските аеродроми денеска решија да го прекинат штрајкот откако добија покачување на платите, а одлуката беше донесена пред официјалниот почеток на летниот одмор во Франција.
Персоналот на аеродромот постигна договор за зголемување на платите за три проценти, а средбата се одржа во просториите на меѓународниот аеродром во Париз Роаси-Шарл де Гол (Роаси-Шарл-де-Гол).
Прекинот на штрајкот ќе овозможи да се избегне доцнење или откажување на летовите на париските аеродроми, на кои викендов очекуваат неколку десетици илјади патници.