![Без струја и вода денес ќе останат неколку скопски населби](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/45/24113954-resize-820x0x100.jpg)
Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека поради зафат на водоводната мрежа во близина на пумна станица Жданец, прекинато водоснабдување денес ќе имаат корисниците од населбите Жданец, Трнодол, Нерези и дел од ул.Козле (висока зона).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЕВН Македонија информираат дека без електрична енергија, денес ќе останат следните населени места:
во периодот од 08.00 до 10.30 часот, дел од село Кучевиште (општина Чучер Сандево);
во периодот од 09.00 до 10.30 часот, дел од корисниците од улица Жданец (општина Карпош);
во периодот од 09.30 до 15.00 часот, дел од корисниците од улица Леринска (општина Карпош);
извор: skopjeinfo.mk