Рамбаи има 105 години, а тркачката кариера ја започнала минатата година и како што вели не планира наскоро да се откаже. Веќе освоила голем број златни медали на локални натпреварувања.
Почната да трча во северноиндиската држава Харјан во својата старосна категорија и често била единствена натпреварувачка, но тоа не и пречи.
Да се учествува е поважно од да се освојуваат медали, објаснува Рамбаи која не ги слуша повиците да семејството да се откаже и смири.
Тврди дека тоа нема да се случи наскоро бидејќи неодамна го открила трчање, со оглед на фактот дека не знаела дека постојат категории за повозрасни старосни групи.
Учествувала на трка на 100 метри во Вадодар која ја завршила за 45,40 секунди. Златен медал освоила на 19 јуни во трчање на 200 метри со време од 52,17 секунди.
At 105 years, super grandma sprints new 100m record. #Rambai ran alone in #Vadodara as there was no competitor above 85 competing at the National Open Masters Athletics Championship pic.twitter.com/iCIPTOkuFt
— TOI Bengaluru (@TOIBengaluru) June 21, 2022