Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија ги одреди најновите цени на горивата. Според одлуката на регулаторите малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит. и со тоа во следните две недели ќе изнесува 71,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 73,00 ден/лит, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 62,50 ден/лит, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 51,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,246 ден/кг и со тоа ќе изнесува 33,651 ден/кг.