Италијанската банка „Credito Emiliano“ однадвор изгледа како сосема обична и нормална банка. Луксузна зграда со портир на вратата, раотници на шалтери облечени во деловни одела, безбедносни ситеми на влезот, апарат за издавање на редни броеви…
Но, нејзината уникатност може да види ако влезете во нивните трезори, т.е. магацини. Наместо златни прачки и банкноти, таму се чува сирење.
Причината поради која се одлучиле на овој чекор е посебниот вид пармезанското сирење наречено „Parmigiano-Reggiano“, познато како „кралот на пармезанот“.
Станува збор за многу скапо и вредно пармезанско сирење што вреди како злато. Само едно тркало за пармезан вреди меѓу 300 и 400 евра, а трезорот со сирење вреди неверојатни 150 милиони евра.
Но, како функционира бизнисот со ваква банка? Исто како и со било кој друга. Замислете дека сте италијански фармер и ви треба нов трактор или земјоделска опрема. Во тој случај банката дава пари за тракторот, а вие плаќате со сирење.
Банката за сирење, исто така, им помага на малите производители да го спречат пропаѓањето на нивните бизниси. Банкарските работници го чуваат производот во најдобри услови откако ќе го преземат, а нивниот „клинет“ е среќен што долговите и заемите во голема мера може да ги отплати со сирење наместо со пари. Банката подоцна го препродава сирењето и ги подмирува долговите, а притоа има и убав профит.
Се размислувало банката да почне да прифаќа и други „валути“ како што се пршута или маслиново масло, но бидејќи тие биле потешки за одржување и чување, таа идеја не била реализирана.