![Од понеделник добиваме уште две патарини: Почнуваат со работа Преод и Кадрифаково на Миладиновци – Штип](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/81/3b3c7618-resize-820x0x100.jpg)
Од понеделник во седум часот ќе бидат ставени во функција наплатните рампи Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип и обратно.
На наплатните станици целосно функционира Електронскиот систем за наплата на патарина.
Посочуваме дека првите две ленти од десно се за возилата кои користат М-таг електронски уред со кој се поминува со намалување и успорување на брзината на движење на возилото и без запирање, додека на останатите ленти покрај наплата во готово, може да се употреби и М-смарт картичката како електронски уред за наплата на патарина – информира Јавното претпријатие за државни патишта.
Наплатните станици Преод и Кадрифаково имаат по седум наплатни кабини.