Дефект на далноводот во јужна Германија го парализира производството во најголемата фабрика на БМВ во Европа, објави портпаролот на компанијата.
Откажана е работата во две смени во две сали во Динголфинг, во која работеле неколку илјади вработени, изјави портпаролот. Поради дефектот не биле направени 1600 автомобили.
Дефектот на далноводот во областа Ландшут минатиот четврток го парализира железничкиот сообраќај и транспортните вагони не стигнале од Динголфинг, што значи дека BMW немале доволно простор да продолжат со производството. Оттогаш, тешкотиите се решени и автомобилите се испорачани, објави денеска BMW, додавајќи дека утре производството треба да се врати во нормала.