Веќе не е тајна дека на рестораните и хотелиерите им недостига работна сила, а се се смени кога започна пандемијата на Ковид-19, но тоа продолжи и по враќањето во нормала. На почетокот на кризата имаше масовни отпуштања во овие гранки, а сега работниците се „тие што се прашуваат“.
Додека готвачите имаат подобри плати и веројатно, поповолни услови за работа од келнерите – на вториве им е сè потешко да се вратат на старата професија. Им пречат ниските плати, недостатокот на флексибилност, тешките смени… Да не беше коронавирусот и принудниот прекин на работата на многумина од нив, веројатно повеќето од нив ќе продолжеа да ја работат таа работа. Сепак, околностите ги принудија да бараат други опции и да ги прошират своите хоризонти.
Eкспертите во угостителската индустрија велат дека компаниите не смеат да попуштат во напорите да обезбедат квалитетна обука. Затоа, инвестирањето во работници, обуката и можноста за напредување се дополнителни поволности кои работниците ги ценат, но кои често недостасуваат.
Ова особено се однесува на младите, професионалците кои припаѓаат на генерацијата Z или групата милениумци, кои постојано бараат поголеми и подобри права, повисоки плати, ниво на флексибилност во работата што би им обезбедила благосостојба. Затоа, се смета дека се потребни општествено-политички напори, особено кога станува збор за гранки кои не можат да се работат од далечина.
Неопходно е да се биде на работното место, а токму тука се појавуваат нови предизвици за многумина кои работејќи од дома можеа да завршат некои итни обврски, да се грижат за децата, постарите родители…
Се смета дека е потребна креативност при вработувањето, како и обука за таленти и активирање на понатамошниот потенцијал на вработените, како враќање на жените на работа или промена на кариерата. Има многу жени во угостителството, како и во хотелиерството – важно е да се најдат соодветни мерки кои ќе им дадат соодветна флексибилност, за да можат и да градат семејство.