Дирекцијата за заштита и спасување оваа сезона влегува доста поподготвена од тоа што беше лани. Со првиот авион веќе има интензивни тренинзи, во петок ќе има активности за гасење на пожари на отворено.
Веќе со првиот авион којшто е вратен има интензивни тренинзи со сите луѓе коишто се дел од авио одделението.
Во врска со вториот авион кој е на поправка во Шпанија, информираат дека е спремен веќе една недела но не може да се испорача поради загинувањето на еден пилот откако се урна нивниот авион при гасење на пожарите во Португалија.
На третиот авион веќе се работи и што поскоро ќе биде саниран, но најголеми проблеми во моментот имаат Португалија, Шпанија, Франција и Грција каде "беснеат" големи пожари.
За период од 20 години овие земји имаат потрошено над милијарда и пол евра, а само од период од пет годни за да го зајакнат нивниот авио капацитет имаат оставено 800 милиони евра. ДЗС има само 4,5 милиони евра буџет.
На прашањето колку возила има во моментот, директорот на ДЗС информираше дека имаме 15 возила коишто ќе бидат распоредени по ТПЕ на градовите кои спаѓаат во републички сили.
извор: nezavisen.mk