Високите температури во последните неколку дена станаа неподносливи за некои професии, особено кога нема и услови за работа. Возач на приватен јавен превоз, за Алсат вели дека урбаните линии во градот станале ноќна мора не само за него, туку и за патниците. Автобусите не само што не се климатизирани, туку честите застанувања оневозможуваат каков било облик на ладење на автобусот да биде поудобен за патниците и за самите возачи.
Здружението на јавни приватни превозници смета дека оваа состојба може да се реши со автобуси стари најмалку 4 години, иако сегашните услови не дозволуваат нивно обновување. 170 возачи кои се во 80 фирми, членки на здружението на јавните превозници во случај да не најдат решение за помош, можат да прекинат со превоз на патници.