![Активно портокалово ниво и во наредните денови, еве од кога се очекува дожд](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/69/b3167a96-resize-820x0x100.jpg)
До среда, 27. јули подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури.
Од УХМР информираат дека на целата територија ќе остане активно портокаловото ниво на опасност од високи температури.
И во Скопското подрачје до крајот на овој период ќе биде многу топло и ќе биде активно портокаловото ниво на опасност од високи температури.
Како што најавуваат од УХМР, в среда во попладневните и вечерните часови ќе има зголемена облачност и услови за локален пороен дожд и грмежи.