Зголемувањето на цените ги принуди германците да штедат повеќе од вообичаено – и на храна, на производи за хигиена, а избираат и поевтина облека.
Колку луѓе се погодени од инфлацијата може да се види особено кога купуваат намирници и производи за нега, вели еден од истражувачите, додавајќи дека имало голем пад на прометот од јануари до мај. Трговците продале 8,2 отсто помалку месо и месни производи, 8,5 отсто помалку свежо овошје и зеленчук, додека продажбата на леб и пецива е намалена за седум отсто.
Сега повеќе бараат попусти и поевтини брендови, чие учество во вкупната продажба во првите три месеци од годинава е зголемено за 34,6 отсто. За 36 отсто од германските потрошувачи цената во моментов е најважниот критериум. И додека супермаркетите и дрогериите имаат пад на продажбата, за патувањата важи спротивното.
По повеќе од две години од пандемијата, луѓето се желни да патуваат. Бројот на резервации за индивидуални аранжмани е ист како во минатата сезона пред инфекцијата, а во некои случаи и поголем.
За време на пандемијата, побарувачката за облека исто така падна, но потрошувачите сега бараат поевтини гардероби. Просечната цена што ја платил потрошувачот во мај е нешто пониска од истиот месец од 2019 година.
извор: vecer.mk