Кога розев сјај го осветлил вечерното небо над еден австралиски град локалните жители се запрашале дали апокалипсата пристигнала.
Сепак, се испоставило дека виновник за розовото небо е една фарма со канабис. Розовата светлина излегувала од фарма со канабис која се наоѓала во близина на градот Милдура.
Производителот на марихуана потврди дека за „инцидентот“ се виновни светилките од фармата за канабис.
Инаку, медицинскиот канабис е легализиран во Австралија во 2016 година, но рекреативната употреба на оваа дрога е забранета. Оттогаш, австралиските регулатори одобриле близу 260.000 рецепти за различни заболувања.
извор: kanal5.com.mk