Границата меѓу овие две земји се наоѓа покрај област каде што водата од стопениот снег и мраз тече надолу од двете страни на планината, кон едната или другата земја. Но, поради топењето на глечерот Теодул, таа област се доближила до планинарскиот дом Rifugio Guide del Cervino, кој се наоѓа во близина на врвот Теста Гриџо (3.480 метри).
59-годишниот турист Фредерик го посетил ресторанот во домот. Менито е на италијански, а не на германски, а цените се во евра, а не во швајцарски франци. Сепак, тој нарачува парче пита на пултот и прашува: „Па, дали сме во Швајцарија или Италија?
Кога домот бил изграден во 1984 година, неговите 40 кревети и долгите дрвени маси биле целосно на италијанска територија. Но, сега две третини од домот, вклучувајќи ги повеќето кревети и ресторанот, технички се наоѓа на југот на Швајцарија.
Целиот проблем започна по топењето на глечерот Теодул, кој изгуби речиси четвртина од својата маса помеѓу 1973 и 2010 година. Поради ова, неговиот карпест дел излезе на површина, што го промени првичниот договор заснован на движење на водата и ги принуди Италија и Швајцарија повторно да го исцртаат 100 метри долгиот дел од нивната граница.
Поранешниот шеф на Swisstop Жан-Филип Амштајн рече дека ваквите спорови обично се решаваат со размена на парцели со еднаква големина и вредност. Во овој случај, Швајцарија не е заинтересирана да добие друга област на глечерот.
Поради долгогодишни преговори, доцнеше и реконструкцијата на планинарскиот дом бидејќи селата од двете страни на границата не можеа да издадат градежна дозвола. Затоа, работата нема да биде завршена навреме за планираното отворање на новата жичарница на италијанската страна на Клајн Матерхорн на крајот на 2023 година. Патеките се достапни само од швајцарскиот ски-центар Цермат.
извор: kajgana.com