Најавеното покачување ги задоволува барањата на пензионерите, зoшто како што вели за весникот ВЕЧЕР, претседателот на Партијата на пензионери, по јануарското зголемување од 2,9 проценти, септемвриското, според нивните пресметки би требало да биде најмалку двојно повисоко.
Пензионерите во април, мај и јуни добија помош од по 1.000 денари. Но, таа помош им следуваше и на оние со ниски и на оние со највисоки пензии. Сега очекуваме нов пакет, но само за оние со пониски примања, да речеме до 30.000 денари.
Според статистиката на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување минатиот месец имало 327.678 корисници на пензија. Најниска е земјоделската пензија со просек од 8.484 денари, а највисока е воената, чија просечна вредност е 23.507 денари. Просечната пензија на ниво на држава во јуни изнесува 16.348 денари. Со зголемување од осум проценти просечната земјоделска пензија би се покачила за околу 680 денари, просечната воена за нешто под 1.900 денари, додека пак просечната на ниво на држава за околу 1.300 денари. Најдобро би поминале лицата со највисоки пензии, кои во нашата држава ги има 34 и примаат 60.294 денари. Ним пензијата би им се зголемила за без малку 5.000 денари. Меѓутоа, прашање е дали нив ќе ги фати покачувањето, зашто највисоката пензија во државата со одлука е лимитирана на 60.294 денари.
Најголем раст на пензиите од 2006 година наваму имаше во 2008 година, кога во јануари се усогласија за 13 проценти, а потоа и во јули за 7,65 проценти. Во 2014, 2015 и 2016 година исто така имаше поголем раст на пензиите, од 600, 621 и 654 денари линеарно. Најмало усогласување на пензиите е регистрирано во 2019 година, кога во јануари се зголемија за 0,70 проценти, а потоа од 1 јули уште за 0,40 проценти.
извор: vecer.press