![РКЕ ќе ја објави новата цена на парното греење во Скопје](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/f1/dbe9ad1f-resize-820x0x100.jpg)
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја објави новата цена на парното греење во Скопје која ќе важи од 1 август.
Прес-конференцијата е закажана во 13 часот каде ќе се презентираат одлуките во врска со цената на топлинската енергија.
Денес е закажана главна седница на која ќе се најдат предлог - одлуките за цените на топлинската енергија во Градот Скопје. По седницата, претседателот на РКЕ ќе ја информира јавноста за донесените одлуки. Новите цени ќе бидат на сила од 1 август.