![Американец освои џекпот од дури 1,28 милијарди долари](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/a8/43cfe98a-resize-820x0x100.jpg)
Неименуван Американец синоќа доби џекпот од 1,28 милијарди долари на лотаријата Mega Millions.
Неговите среќни броеви беа 13, 36, 45, 57 и 67. Ова е втора најголема награда на Mega Millions во последните 20 години.
За потсетување, во 2018 година милијарда долари освои и човек од Мичиген. Бројките кои ја сочинуваат оваа вртоглава сума на пари се 4, 26, 42, 50, 60 и 24.
Најголемата добивка некогаш освоена на американска лотарија е 1,58 милијарди долари, а била извлечена во јануари 2016 година.
Тимоти Шулц, кој освои џекпот на Powerball од 28 милиони долари во 1999 година, а сега е домаќин на подкаст посветен на лотаријата, за CNN изјави дека таквата добивка, се разбира, менува многу работи во животот, но дека човекот во суштина останува ист.