![ЈП „Градски паркинг“: Не е во функција наплаќањето преку СМС порака](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/b7/33f6c57b-resize-820x0x100.jpg)
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека поради надградба на системот за зонско паркирање, денеска не е во функција наплаќањето преку СМС порака.
Тоа значи дека СМС пораките за наплата на паркинг, од крајните корисници не можат да се процесираат до ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.
Поради ова, од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ги замолуваат корисниците на зонско паркирање да го користат алтернативниот начин за наплата – со купување на греб картички. Посочуваат дека се работи на што побрзо ставање во функција на надградениот систем и оти јавноста ќе биде навремено информирана штом оваа услуга стане повторно достапна за граѓаните.
извор: kanal5.com.mk