KFC е американски интернационален бренд и лидер во подготовка и послужување на пилешко со повеќе од 20.000 ресторани во над 100 држави ширум светот. Една од тие земји ќе биде и Македонија откако од компанијата официјално најавија влез на македонскиот пазар.
Рестораните на KFC се препознатливи по тоа што го нудат познатиот рецепт на Colonel Sanders за пилешко од кое се прават пилешки сендвичи, врапови, бургери и други пилешки јадења. KFC е дел од групацијата YUM! Под која оперираат Pizza Hut и Taco Bell.
Групацијата YUM! е горда на околу 1.5 милион вработени ширум светот кои се препознатливи по начинот на работа исполнет со енергија, можности и забава. Мотото на компанијата е дека таа верува во своите луѓе, верува во нивните позитивни намери, ги охрабрува да даваат идеи и прифаќа диверзитет. Во една реченица, таа е одлично место за да се изградите себеси, за да почнете да растете и да направите промена.
Како KFC успева да ги придобие најдобрите кандидати на пазарот?
Официјалните податоци говорат дека во рестораните на KFC се вработени над 500 илјади работници. KFC не е само место за работа, туку и место кадешто имате можност да иницирате свои идеи, да создавате свои можности и да уживате додека го работите тоа што го сакате. Покрај, тоа, компанијата преку различни програми им нуди помош и го олеснува животот на своите вработени.
Бесплатно образование
Фондацијата KFC им овоможува на вработените да ги остварат своите соништа и да се запишат на факултет преку “The REACH Educational Grant Program”. Така, компанијата им овозможува на генералните менаџери, личните асистенти, супервизорите и другите членови на тимот да аплицираат за стипендии во износ од 2.000, 2.500 и 3.000 долари.
Грижа при природни катастрофи
KFC се грижи за своите вработени и во случај на природни катастрофи кои е невозможно да се спречат. Имено, Фондацијата KFC им нуди финансиска помош на вработените во американските ресторани на KFC доколку бидат погодени од природни катастрофи и непогоди кои биле надвор од нивна контрола. Тоа го прави преку “KFC Family Fund”.
Финансиско едуцирање на вработените
Најновата бенефиција во која уживаат 100.000 вработени во KFC е финансиско советување со цело полесно менаџирање со своите лични финансии. Овој програм е лансиран откако компанијата увидела дека одреден дел од нејзините вработени се наоѓаат во тешка финансиска состојба поради носење на погрешни одлуки.
Сакате да станете дел од KFC тимот во Македонија?
Аплицирајте со минимум средно образование и наполнети 18 години за отворените работни места во рестораните во Скопје и Тетово. Изберете полно или скратено работно време