Платата на професионалните војници достигнува до 40.000 денари со додатоците, но очекуваат зголемување за 10% според изјавата на претседателот на Независниот синдикат на професионални војници - пишува mk.tv21.tv. Па, оваа професија станува атрактивна за младите во поново време. За тоа сведочи интересот ако порано се пријавувале 50-тина на јавниот оглас, сега се пријавуваат и по 900 заинтересирани.
„До крајот на годината сме во фаза на донесување на нов закон за вработените во Министерството за одбрана со кој сакаме да ги приближиме до условите, правата и обврските кои ги имаат и припадниците на армијата. Во поглед на тоа дали сме задоволни од статусот на припадниците на армијата би одговорила нескромно да, но тоа не значи дека тука ќе застанеме“, вели Министерката за одбрана Петровска.
Таа додаде и дека во септември ќе има јавен повик за 200 професионални војници и подофицери.
Целиот текст е на mk.tv21.tv