Една анализа покажува дека тричленото домаќинство годишно троши околу 11 отсто од енергијата на готвење, а има неколку трикови за штедење во кујната, пишува германската новинска агенција dpa.
За почеток, ако се користи капак, топлината не може да избега од тенџерето. Готвењето храна во покриено тенџере е три пати поефикасно од готвењето без капак.
Енергијата може да се заштеди и со избирање тенџере и тавче чиј обем одговара на големината на ринглата, а може да биде и малку поширок.
Дополнително, пари и енергија може да се заштедат доколку во тенџерето се стави само потребната количина на вода, бидејќи тоа го забрзува процесот на загревање и на тој начин ја намалува потрошувачката на вода и енергија, пишува dpa.
Во кампањата на германската влада беше истакнато како јајцата и зеленчукот може да се готват во само два сантиметри вода, односно без да бидат покриени со вода. На овој начин можете да заштедите 10 евра годишно.
Последниот совет е за љубителите на тестенини: ставете ги во тенџере додека водата е сеуште ладна. Така тестенините побрзо ќе бидат готови.