Британска компанија доби тужба од нивни вработен поради повреда која ја добил на настан организиран од компанијата
Мајкл Броки тврди дека се повредил на настан организиран од компанијата за вработените. Во рамките на настанот вработените оделе во пабови, иако било предвидено неесто во паб да играат голф.
Броки тврди дека настанот поттикнал претерано пиење алкохол. Тој бил толку пијан што не се сеќавал што се случило во следните 22 часа. Овој 28-годишник бара отштета од 200.000 долари од компанијата бидејќи морал да земе неплатен одмор од 6 месеци за да оздрави.
– Како одговорен работодавец, посветени сме на сигурна, здрава и инклузивна култура за сите наши вработени. Исто така, очекуваме сите што ги посетуваат социјалните настани да бидат одговорни и да се грижат за сопствената безбедност и безбедноста на другите – изјавиле од компанијата.