Во бизнисот влегле без било каква идеја како да создадат препознатлив бренд, но сепак прераснале во тоа. Ни на крај памет не им паднало дека за релативно брзо време ќе го освојат пазарот за денес да се чекаат редови за нивниот производ. Иван Живиќ и неговите пријатели во 2015 година вложија околу 150.000 евра и ја отворија својата продававница за сладолед, а како што велат тие досегашниот успех се темели на нивната црвста увереност дека ќе успеат.
Ние не сме луѓе кои доаѓаат од угостителскиот свет. Работевме како туристички водичи. Ние сме пријатели коишто сакаа да започнат своја приказна. Неизвесно беше само тоа дали да правиме нешто надвор од Србија или сепак да се обидеме во нашата земја. Покрај тоа што сме пријатели, нас не поврзува и љубовта кон храната. Тоа се гледа и нас нас – дека сакаме да јадеме, да готвиме и да работиме со храна. Една од предностите да сте туристички водич е тоа што се запознавате со голем број култури. Најголем интерес имавме за различните култури кога станува збор за храната: што е тоа што се јаде во одредена земја, како се послужува и на кој начин се јаде. За кратко време дојдовме до заклучок дека храната е тоа со што сакаме да се занимаваме – вели Иван Живиќ за порталот biznislife.rs
Покрај него, во бизнисот влегле и неговите пријатели – Зоран Јефтофвиќ, Бојан Радоња и Владимир Ранковиќ. Во 2015 година ја отвориле својата прва продавница во Белград, за потоа во 2016 да го направат тоа и во Нови Сад.
Целата приказна започната во 2012 година кога тие се одлучиле да почнат да се занимаваат со правење на сладолед, а нивната идеја доаѓа откако сфатиле дека на домашниот пазар има сериозен недостиг на квалитетен сладолед.
Бидејќи доаѓаат од свет кој нема никаква врска со угостителство, велат дека биле принудени доста работи да научат од почеток. Иако првата идеја им била да отворат франшиза, за кратко време ставиле до знаење дека на тој начин ќе бидат ограничени во поглед на експериментирање со свои рецепти па затоа се одлучиле да почнат нешто што ќе биде само нивно.
По 2 години учење, во 2014 изнајмуваат локал и почнуваат со подготовките околу производството на сладолед.
“Не влеговме во бизнисот претпоставувајќи дека за толку кратко време ќе станеме бренд. Воопшто не се оптеретувавме со тоа. Бевме целосно фокусирани на нашиот производ, да ги најдеме потребните суровини на нашиот пазар, што впрочем беше доста тешка работа. Одредени увозници само поради нас мораа да ги увезуваат потребните суровини“.
А името “Црна овца“ настанало на шега додека се обидувале да го смислат идеалното име за својата продавница за сладолед.
“Всушност, ние почнавме со еден вид антибренд. Кога ќе влезете во нашата продавница, на прв поглед немате впечаток дека се наоѓате на место кадешто се продава сладолед. Тоа и беше целта бидејќи не сакавме да имаме ништо што ќе асоцира на типичен бизнис кој се занимава со продажба на сладолед. Едно утро се случи да дојде една жена и да ни каже: “Секој ден проаѓам од вашата продавница и гледам гужва. Какви чорби продавате?“. Немавме ниту класични реклами, едиствено имавме профил на социјалните мрежи од каде што се рекламиравме.
На почетокот, работното време им било по 20 часови дневно, а како што велат тие размислувале и да ја затворат продавницата бидејќи не можеле да постигнат.
А луѓето не чекаат во редови за џабе! Политика на куќата е кога ќе влезете во продавницата да ви биде дозволено да пробате од било кој вид на сладолед без да мора да купите, а како што целат тие досега не се случило некој да проба без да купи.
Иван и неговите пријатели во следниот период планираат да отворат уште една продавница во Белград, да направат сладолед за дијабетичари, нови корнети и нови вкусови, а за сите кои размислуваат да започнат со сопствен бизнис ја имаат следната порака:
Во моментот кога ќе бидете сигурни дека постои простор за вашиот бизнис, немојте да се штедите ниту себеси ниту инвестициите. Факт е дека е потребна добра инвестиција за да се дојде до квалитетен производ. Секој што размислува да започне бизнис којшто ќе му носи пари, без да работи по 16 часа дневно во следните пет години, се лаже себеси. Тоа е така бидејќи колку и да го платите работникот да работи за вас, тој таа работа нема да ја прави како што треба додека не ве види вас како работите. Луѓето кои работат за вас се секогаш на прво место. Ниту клиентите, ниту сладоледот, само вработените!