Во рамки на проектот “Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопјe”, Град Скопје денеска распиша Јавен повик за избор на кандидати за бесплатна настава и обука за оџачари.
Проектот има за цел да обезбеди контрола на загадувањето на воздухот во Скопје на начин на кој ќе обезбеди услови за одржување на бесплатна настава и обука за возобновување на професијата оџачар преку размена на искуства со оџачари од Сојузна Република Германија.
Обуката ќе ја спроведуваат верификувани и сертифицирани обучувачи од СГГУГС „Здравко Цветковски“ и искусни оџачари од Сојузна Република Германија. Наставата и обуката ќе се реализира во период од 3 (три) месеци и истата вклучува теоретска настава и практична обука во реални услови.
Практичната обука за оџачари ќе се реализира во период од 1 (еден) месец, од кои 2 (две) работни недели пракса во Скопје, а 2 (две) работни недели пракса во Нирнберг, со покриени патни трошоци, како и трошоци за престој и храна во СР Германија.
Кандидатите кои ќе ја завршат теоретската настава, практичната обука и успешно ќе го положат завршниот испит, ќе се стекнат со сертификат издаден од верификувана установа за оџачари од Скопје и уникатна можност за започнување на сопствен бизнис.
Јавниот повик трае 10 работни денови, заклучно до 08.09.2022 година.
Јавниот повик со сите општи услови и критериуми, како и пријавата за јавниот повик се достапни на следниот линк: https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici
извор: kurir.mk