![Wizz Air суспендира две дестинации од Македонија](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/8e/a4e58de8-resize-820x0x100.jpg)
„Виз ер“ ја суспендира продажбата на билетите за две дестинации од Македонија, само осум дена откако Министерството за транспорт и врски ја прекина постапката за избор на авиокомпанија за субвенционирање, а на кој единствен понудувач беше оваа унгарска нискобуџетна компанија. Имено од денеска не може да се закажува лет од Скопје до Барселона, подоцна од 26 октомври годинава и од Охрид до Лондон ако се закажува за после 24 октомври, објави екјуавиејшн.
Се тврди дека само еден авион ќе опслужува летови од земјава.