![Поради натпревар во автомобилизам викендов прекин во сообраќајот на патниот правец кон Пониква](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/a6/a3f7e16a-resize-820x0x100.jpg)
Сообраќајот на патниот правец од кочанското село Бејли кон Пониква ќе биде затворен денеска и утре поради одржување меѓународен натпревар во автомобилизам од календарот на ФИА-ЦЕЗ на ридски патеки.
Автомотосојузот информира дека патниот правец денеска и утре ќе биде затворен од полицијата во 10 часот.
Од 12 часот денеска ќе се одржуваат тренинзите, а утре од 12 часот ќе се одржува натпреварот. Патниот правец двата дена ќе биде затворен до завршување на тренинзите и натпреварот.
извор: 24.mk