Заводот за статистика на Европската Унија, Евростат, објави податоци за покриеноста со брз интернет на Стариот континент.
Меѓу другото, објавени се податоци за десетте земји со најдобра покриеност.
Рангирањето на десетте земји со најдобра интернет покриеност е следна:
Малта, кадешто сите домаќинства имаат брз интернет;
Луксембург, кадешто 96 отсто од домаќинствата имаат брз интернет;
Данска, кадешто 95 отсто од домаќинствата имаат брз интернет;
Шпанија, кадешто 94 проценти од домаќинствата имаат брз интернет;
Латвија, кадешто 91 процент од домаќинствата имаат брз интернет;
Холандија, каде исто така 91 процент од домаќинствата имаат брз интернет;
Португалија, каде исто така 91 процент од домаќинствата имаат брз интернет;
Ирска, кадешто 89 отсто од домаќинствата имаат брз интернет;
Исланд, каде исто така 89 отсто од домаќинствата имаат брз интернет;
Романија, кадешто 87 отсто од домаќинствата имаат брз интернет.
Во текот на минатата година, 70 отсто од домаќинствата во ЕУ имаа покриеност со брз интернет. Тоа е значително зголемување во однос на 2013 година, кога беше само 16 проценти. Целта на Унијата е до 2030 година сите домаќинства да имаат брз интернет и покриеност со 5G мрежа.