![Новите дигитални ѕвезди успешно се лансираа во А1!](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/dc/6841dfcd-resize-820x0x100.jpg)
Веќе втора година по ред А1 Македонија продолжува со практикантска програма A1 WayUp. Ова специјално креирана практикантска програма на младите таленти им нуди практична работа, учење и постојана менторска поддршка. Учесниците имаат можност да работат со врвни експерти од областа на анализа на податоци, вештачка интелигенција, развој на продукти, развој на ИТ решенија, оптички и 5G мрежи, да работат на реални проекти и да користат најсовремени дигитални алатки за работа.
![](https://24hr.mk/wp-content/uploads/2022/09/1662440984409-1024x681.jpg)
A1 WayUp е програма која е посебна на безброј начини. Еден од нив е практичното учење и стекнување на нови вештини, кое секако е дел од кариерниот пат на секој еден член на А1 тимот и кое без сомнеж придонесува кон непрекинат професионален развој настрана од формалното учење. Она што најмногу ја издвојува оваа практикантска програма е тоа што почнува и завршува со однапред внимателно испланиран менторски план, но и детален развоен едукативен план, со цел практикантите да бележат раст во своите знаења и вештини и да го градат својот кариерен пат во меѓународна компанија како што е А1.
Сите кои се дел од втората генерација на A1 WayUp ги добиваат сите постоечки бенефити и погодности како и секој еден вработен на А1, а со тоа компанијата ја внесува добропознатата корпоративна култура на флексибилност, агилност, тимска работа и неограничени можности за учење и развој.
“А1 Македонија е компанија која е целосно фокусирана кон развој на своите вработени, па со тоа нуди и можност за раст и учење преку формални, неформални обуки и преку разни менторски програми. Со програмата A1 WayUp ги отворивме вратите на младите таленти и им нудиме кариерен пат и усовршување на вештините на иднината”, истакна Стефан Јовановски, раководител на одделот за човечки ресурси.
![Новите дигитални ѕвезди успешно се лансираа во А1!](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/40/08baa404-resize-820x0x100.jpg)
Вкупно 15 учесници кои се на крај од своите студии или кои ги завршиле го започнаа своето лансирање помеѓу дигиталните ѕвезди во А1 и започнаа да го градат својот кариерен пат.
А1 Македонија на сите кои се дел од програмата A1 WayUp им посака топло добредојде, многу нови знаења, вештини и успешни проекти.
Во моментов А1 има потреба од вработување на кандидати на следните работни позиции - АПЛИЦИРАЈТЕ: