Одлична шанса да се приклучите кон реномирана меѓународна финансиска групација и да станете дел од професионален меѓународен тим на Внатрешна ревизија, кој во соработка со Одборот за ревизија, Управниот одбор и менаџментот на Банката обезбедува постоење на, и усогласеност со, системот на интерни контроли и ефикасни оперативни практики.
Интерен Ревизор за позицијата Супервизор
Значајни должности:
- Извршување на сите фази на ревизорскиот процес, во соработка со Менаџерот на ревизијата.
- Извршување на детални анализи за оценка на ефективноста и ефикасноста на ревидираниот процес/функција, како и неговата усогласеност со локалната регулатива и корпоративните политики и процедури.
- Подготвување и презентација на ревизорски извештаи до Менаџерот на ревизијата и Менаџерот на ревидираниот процес/функција, и обезбедување на периодичен мониторинг на спроведувањето на плановите на менаџментот за корективни акции.
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома во релевантна област (Сметководство и Ревизија, Финансии или еквивалентна област).
- 5 до 7 години релевантно работно искуство во областите на внатрешна, надворешна ревизија и/или сметководство и финансии.
- Професионална квалификација (или значително комплетирана квалификација) ќе се смета како значајна предност (Овластен ревизор, CIA, ACCA или еквивалентно).
- Познавање и значително искуство во спроведување на Меѓународните стандарди за професионална практика на внатрешната ревизија и Меѓународните стандарди за финансиско известување, ќе се сметаат како значајна предност.
- Одлични способности за тимска работа, комуникација и меѓучовечки односи.
- Кандидатот треба да биде способен/на да работи независно и самостојно, со органичена супервизија.
- Значајни аналитички и презентациони способности и способност за писмено известување.
- Одлично познавање (вербално и писмено) на англиски јазик, како и стручно и напредно користење на MS Office.
Стопанска банка АД – Скопје нуди атрактивен компензационен пакет и можности за континуиран професионален развој кои ја рефлектираат нејзината улога на водечка финансиска институција.
Месечниот надомест ќе биде утврден согласно искуството и квалификациите на кандидатот.
ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ
Оглас за вработување во Стопанска Банка АД Скопје
Izdvojeni oglasi
-
Плата до 40.000 денари: Четири слободни позиции во Вива
4 активни огласи- аплицирај!
-
Стани дел од тимот на Друштвото за ревизија РСМ Македонија: Отворени 4 работни позиции
Аплицирај!
-
Аптека Флос Фарм ВРАБОТУВА во повеќе градови низ Македонија- аплицирај!
Потребни се Фармацевти и Техничари, Регионален менаџер за аптеки и Менаџер за набавки
-
Огласите истекуваат денес: Елена Лука Хоум вработува на четири позиции!
Огласите истекуваат денес, аплицирај!
-
Фабриката КАРПОШ АД Скопје вработува на шест позиции
Аплицирај!
-
Над 200 активни огласи од секторот „Продажба“ на нашиот сајт – Пронајдете ја вашата нова работа!
Секторот Продажба е еден од најдинамичните сектори во нашата земја, а на нашиот сајт моментално се објавени над 200 активни огласи од овој сектор.