Есента е време на големи трошоци - се истрошивте за летниот одмор, почна учебната година, се подготвуваат зимници. Никогаш не е на одмет да имате нешто заштедено, но и денес е одличен ден да почнете да мислите на вашата финансиска стабилност.
Како и за повеќето работи во животот, за остварување на целите потребна е упорност. Ако ја немате дисциплината да тргнете конкретна сума пари месечно на страна, почнете да ја применувате оваа тактика на постепено штедење пари.
На овој начин може да заштедите околу 36.000 денари, што е повеќе од доволно за да отидете на патување или да си купите нешто поголемо, а може и да продолжите да штедите и да ги орочите собраните пари во банка.
Тактиката е следна - штедите 5 дена во неделата со оваа стапка: во понеделник тргате на страна 50 денари, во вторник 100, во среда 150, во четврток 200 и во петок 250 денари. Тоа значи дека до крајот на неделата ќе имате заштедено 750 денари, а за еден месец 3.000 денари. Ако земеме дека секој месец има по четири недели, за една година ќе заштедите 36.000 денари. Не ви изгледа како мала сума, нели?
Оваа тактика на штедење е многу добра за луѓе кои сакаат да престанат со пушење и финансискиот бенефит може да им биде дополнителна стимулација. Ако пушите по една кутија цигари дневно по просечна цена од 100 денари, сумата што ќе ја заштедите е горе-долу иста.
Бидете дисциплинирани и за една година бидете побогати за 500 евра.
извор: kajgana.com