Утре пред уставните судии поднесената иницијатива од Стопанската комора на Македонија, со која се оспорува законот за изменување и дополнување на законот за работните односи, којшто во својата содржина опфаќа „работа во недела“...
Утре пред уставните судии поднесената иницијатива од Стопанската комора на Македонија, со која се оспорува законот за изменување и дополнување на законот за работните односи, којшто во својата содржина опфаќа „работа во недела“.
Во иницијативата се наведува дека ден на неделен одмор може да биде друг ден во седмицата, дека е утврден и додаток на плата за работа во недела во износ од најмалку 50 насто за секој час поминат на работа и од тие причини е дозволена нееднаквост на граѓаните пред законите.
Од Комората сметаат дека работодавците од економските дејности на кои им се забранува работа во недела се ставени во нееднаква правна положба со работодавците од економските дејности на кои тоа им е дозволено. Подносителот смета дека е нарушено начелото на владеење на правото и дека оспорениот закон е во спротивност со Уставот.