Во Словенија падна снег, соопшти тамошната метеоролошка служба.
Снег од 10 сантиметри паднал во областа околу Кредарица, највисокиот планинарски дом пред врвот Триглав, а домот се наоѓа на 2.515 метри надморска височина.Снегот и натаму врне. Забележана е температура од минус 4 степени и ветер со брзина од над 35 км/ час.
Во Македонија утрово пристигна најавуваниот влажен бран. Во Скопје и во повеќе градови врне дожд.
Според УХМР денеска времето ќе биде:Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. На места врнежите ќе бидат пообилни (се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог). УВ=4Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утре :Променливо облачно и свежо, во утринските часови со локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува силен северен ветер, најизразен долж Повардарието. УВ=5Во Скопје претпладне променливо облачно, во текот на денот посончево. Ќе дува силен северен ветер