Во Хрватска кило кашкавал се продава по 50 евра, а кај нас стигна до 750 денари. И на другите млечни производи цените излегоа од колосек, така овчото сирење се продава од 400 до 600 денари, кравјото од 350 до 450 денари, урдата над 200 денари, а цената на млекото и јогуртот, која постојано се менува во зависност од производителот и од масленоста, достигнува и над 70 денари за килограм. Сточарите велат дека трендот на раст на млечните производи нема да запре, бидејќи сточниот фонд се намалува, трошоците се зголемуваат, а откупната цена на млекото е многу пониска од малопродажната.
Се намалува бројот на крави, овци, кози во државата, млеко има сè помалку, а цената на млечните производи уште ќе расте. Во Хрватска килограм кашкавал се продава по 50 евра, а кај нас стигна до 750 денари. И на другите млечни производи цените излегоа од колосек, така овчото сирење се продава од 400 до 600 денари, кравјото од 350 до 450 денари, урдата над 200 денари, а цената на млекото и јогуртот,л која постојано се менува во зависност од производителот и од масленост, достигнува и над 70 денари за килограм.
Сточарите велат дека трендот на раст на млечните производи нема да запре, бидејќи сточниот фонд се намалува, трошоците се зголемуваат, а откупната цена на млекото е многу пониска од малопродажната. Поради тоа, во сточарството повеќе не се вложува, популацијата на фармери старее, а кај младите нема интерес да се занимаваат со оваа дејност.
Трошоците на фармите постојано растат, а цените на нивните продукти не ги следат тие поскапувања, поради што голем дел од сточарите ја продаваат стоката. Сточарите велат дека неопходна е помош од државата за да се стабилизира состојбата, но не веруваат дека ќе запре негативниот тренд во сточарството и растот на цената на млекото и на млечните производи.
Извор: www.vecer.press