Пред својот 100-ти роденден, холивудскиот знак оди на „подмладување“. Работата започнува денеска, понеделник, и ќе трае осум недели.
Како што филмските ѕвезди кои повремено прават естетска хирургија, така и познатиот натпис „Холивуд“ оди „на подмладување“ од денеска, понеделник, пишува Хина.
Буквите се изградени во 1923 година и поставени во Холивуд Хилс над Лос Анџелес. Сега ќе бидат доградени, како подготовка за прославата на нивниот 100-ти роденден.
Работата ќе трае осум недели, соопшти Холивуд Сајн Траст, институцијата задолжена за заштита на локацијата. По темелно чистење под притисок, ќе се префарбаат буквите високи 14 метри, за што се очекува да се потрошат приближно 1.500 литри заштитна обвивка и бела боја.