![Неделен лабораториски извештај: Дали е квалитетна и безбедна водата за пиење во Скопје?](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/0b/938b01b0-resize-820x0x100.jpg)
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 12.09.2022 до 16.09.2022 зема 197 примероци за физичко-хемиска и 197 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РСМ, бр.183/18).
Извор: kurir.mk