Сите мајки во Македонија имаат нешто заедничко, нешто по кое можеш веднаш да ги препознаеш и нешто што очекуваш да го слушнеш било каде и да се пронајдеш
Македонија е земја на многу нешта, но постојат и одредени фрази што само македонскиот родител може да му ги упати на своето дете, а значењето на истите е непознато за луѓето од надвор. Голем дел од овие реченици ни пречеле во детството, не навредувале и слично, но сега кога сме возрасни разбирате дека тоа било израз на љубовта и грижата на нашите родители. Сме ги слушнале безброј пати, а еве неколку од нив:
Додека си под мој кров, ќе правиш јас како што ќе ти кажам.
Земи си јакна.
Ако не учиш ќе чуваш овци.
Кој кого родил? Јас тебе или ти мене?
Облечи влечки ќе ти настинат стапалата.
Не седи на промаја!!!
Затоа што јас така велам, ете затоа!
Гледај ме додека ти зборувам
Затвори врата, не си роден во чамец.
Додека живееш под мој кров, мене ќе ме слушаш.
Нешто сме пропуштиле? Пишете ни кои се вашите омилени фрази од детството?