![Можно е воведување блокови за плаќање на струја и кај малите потрошувачи](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/36/40098663-resize-820x0x100.jpg)
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) појасни дека засега е многу рано да се зборува за нова цена на струјата после Нова година.
Регулаторната комисија за енергетика од 2019 година не ја определува цената на ЕСМ. Сега прерано е да се зборува за било какви промени на цената на електричната енергија на регулираниот пазар. За да нема зголемување на електричната енергија е потребно да немаме потреба од увоз на струја.
Тоа што сме должни да ја информираме јавноста е дека почнавме првични анализи и можност за воведување на блокови и кај малите потрошувачи, со цел и кај нив да се ублажи ударот од високите цени. Ова ќе се анализира и понатаму и за сите резултати од овие анализи, ќе ја известуваме јавноста, изјавија од РКЕ.