Радикален потег на американски милијардер.
Богатиот сопственик и основач на компанијата за спортска опрема Патагонија се одлучи на радикален потег - ќе се откаже од целата компанија и ќе ја предаде на непрофитна организација за борба против климатските промени. Ивон Шуинард е поранешен алпинист кој се збогатил со производство на спортска опрема.
На медиумите им објаснил дека не сакал да ја продаде компанијата на некој непознат богаташ чии вредности не ги знае, ниту пак да ја стави компанијата на берза.
„Наместо да извлекуваме вредност од природата и да ја претвориме во богатство за инвеститорите, решивме да го искористиме богатството на Патагонија за да го заштитиме изворот на нашето богатство - природата. Планетата Земја сега е наш единствен акционер“, рече Шуинар.
Имено, тој одлучи да ја предаде компанијата на непрофитната фондација Patagonia Purpose Trust и Holdfast Collective, чија мисија ќе биде борбата против климатските промени. Вредноста на компанијата Патагонија се проценува на 3 милијарди долари.
„Поминаа веќе 50 години од основањето на компанијата, од нашиот експеримент да се занимаваме со одговорен бизнис, а всушност само што почнуваме. Ќе биде неопходно сите да направиме се што можеме ако сакаме да ја имаме надежта за здрава планета и здрав бизнис за 50 години“, изјави Шуинар.
Планирано е целиот профит што Патагонија нема да го реинвестира во деловни активности да оди во фондацијата и да оди исклучиво за зелени проекти насочени кон заштита на животната средина. Се проценува дека секоја година за овие проекти ќе се одлеваат околу 100 милиони американски долари.
Во интервју за Њујорк Тајмс, Шуанард откри дека се надева дека неговиот потег ќе влијае на развојот на нов тип на капитализам што нема да резултира со тоа само мала група луѓе да се збогатат, а мнозинството да биде сиромашно.
„Сакаме да им дадеме најголем дел од парите на луѓето кои активно работат на спасување на оваа планета“. Шуинар и неговото семејство се познати и како големи донатори.