Просечната месечна бруто-плата во Црна Гора за август 2022 година изнесува 886 евра, додека просечната нето плата е 718 евра, објави Управата за статистика на Монстат.
Просечната нето плата во август 2022 година номинално била за 0,6 отсто повисока од јули, додека во однос на истиот месец во 2021 година е зголемена за 35 отсто, покажуваат податоците на Монстат, пренесува порталот ЦДМ.
Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во август пораснале за 0,2 отсто на месечно ниво, произлегува дека реалната заработка во истиот период бележи раст од 0,4 отсто, пренесува Танјуг.