Неколку експерти за безбедност на патиштата во австралиската држава Нов Јужен Велс тврдат дека на мажите треба да им се забрани добивање возачка дозвола до 21 година. Предлогот е испратен до владата и во него се вели дека потребно е да се направи повеќе за да се намали бројот на смртни случаи на патиштата преку поголем фокус на младите возачи, посебно на младите мажи.
Професорка и претседателка на колеџот за сообраќајна безбедност забележала дека возачите помлади од 25 години во Нов Јужен Велс се одговорни за речиси 25% од соорбаќајките, и покрај тоа што сочинуваат само 15% од вкупниот број возали во земјата. Затоа, таа вели дека потребно е да се постават поголеми ограничувања за младите возачи за да се намали тој број.
Засега ништо не упатува на тоа дека владата на Нов Јужен Велс сериозно размислува за толку значајна промена на својот систем за издавање возачки дозволи. Сепак, премиерот на државата побара совет за ограничување на бројот на патници кои можат да бидат во автомобилот со возачот се додека имаат ограничена дозвола со почетнички таблици.
извор: inovativnost.mk