Универзитетите ќе се соочат со санкции доколку во рок од 15 месеци, не се вработат доволно дипломирани студенти на работни места, ако премногу се откажат или не успеат да стекнат дипломи, предупреди англискиот регулатор за високо образование.
Властите целат кон тоа да се направи редукција на курсевите со лош квалитет на британските универзитети поради кои голем дел од студентите остануваат во долгови без да им ги подобрат шансите за вработување. Универзитетите и колеџите може да бидат казнети до 500.000 фунти во рамките на нова регулатива за минимални барања за студентски успех која се воведува почнувајќи од овој месец.
Исто така ОФС може да примени санцкии против британските универзитети, во случај каде што повеќе од еден од пет редовни додипломци се откажуваат или каде што повеќе од еден од четворица од оние кои го завршуваат курсот на крајот не успеваат да добијат диплома.
ОФС рече дека ќе нарави испитување на предметите на колеџите и универзитетите кои не успеале да исполнат ниту еден од трите критериуми, кои стапуваат на сила следната недела, и ќе ги испита причините за резултатите. Регулаторот рече дека „има моќ да интервенира и да наметне санкции за прекршување на неговите услови за регистрација“ во случаи кога не е задоволен од објаснувањата на институцијата.
Сузан Лапворт, главниот регулатор на OfS, рече дека новите критериуми нема да влијаат на мнозинството студенти, но ќе бидат „јасен поттик за универзитетите и колеџите да превземат веродостојни активности за подобрување на резултатите од курсевите што може да биде причина за загриженост“.
„Премногу студенти, често од обесправени средини, се регрутираат на курсеви со слаби резултати кои не ги подобруваат нивните животни шанси. Сега можеме да интервенираме онаму каде што резултатите за студентите се ниски, и каде што универзитетите и колеџите не можат веродостојно да објаснат зошто“, рече Лапворт.
„Ние признаваме дека студентите избираат високо образование од различни причини. Многумина се фокусирани на подобрување на нивните можности за кариера и правилно е што ние сме подготвени да се справиме со курсеви со мал број студенти кои одат во професионална работа“.
Но, лидерите на универзитетите тврдат дека стапките на вработеност на дипломирани студенти можат да бидат засегнати од економските сили кои се надвор од нивна контрола, додека почетните кариери во предметните области како што се креативните уметности беа тешко да се споредат со предмети кои имаат конвенционални патеки во кариерата, како што се финансиите и сметководството.
„Сепак, податоците не се совршени и можат да доловат само аспекти на успехот на студентите. „Добрите“ резултати треба да се земат предвид во контекст на аспирациите на студентите и околностите на нивните студии.