Привршуваат последните подготовки за Најголемиот онлајн регионален саем за вработување! А дали вие дали сте во потрага по нова работа или можеби сакате мотивација и промена на веќе постоечката? Еве како да се пријавите на огласите на саемот!
Добро познато сценарио: барате работа и поминувате денови во усовршување на вашето CV за да се претставите во најдобро светло пред идниот работодавач. Внимателно го составувате вашето CV и го праќате како апликација за работа. Сега е само прашање на време кога ќе дојде одговорот од работодавачот.
Сепак, нема покана за интервју за работа. Звучи познато? Зошто? Што ли се случило? Иако, на прв поглед, да се направи CV и не е некој сложен процес, сепак постои тенка „граница“ помеѓу неговиот успех и неуспех. Со цел да го доведете вашето CV до совршенство во пресрет на Регионалниот саем за вработување, кој започнува за три дена, решивме да ви откриеме неколку трикови. Па да почнеме по ред.
Бидете конкретни и кратки
Биографијата е вашата прва точка на контакт со било кој иден работодавач. За да се издвоите од останатите, обидете се да го направите вашето CV што е можно појасно и читко. Користете еден или два фонта, користете мали но концизни реченици и наведете сè на една страница.
Наведете го работното искуство и образованието по обратен хронолошки редослед, од последното кон оние кои сте ги завршиле наназад низ годините
Наведете ги работите што сте ги извршиле по обратен хронолошки редослед. Наведете го името на работодавачот, периодот кога сте биле вработени, позицијата и описот на работното место. Кога ја опишувате вашата работа, не само што треба да ги наведете вашите работни задачи и должности, туку нагласете ги и достигнувањата за кои сте одговорни. Истото важи и за образованието и дополнителните обуки.
Нагласете ги вештините
Комуникациските вештини се особено важен фактор кај работодавачот. Кога ги наведувате, не бидете премногу општи. Бидете конкретни, кажете што подразбираат вашите комуникациски вештини - без разлика дали се работи за говорни ангажмани, истражувачки проекти или презентации. Наведете ги и вашите технички и уметнички вештини.
Внимавајте на вашите клучни зборови
Во просек, работодавачот троши неколку секунди на проверка на CV. Првиот впечаток, или поточно, првите ставки што ќе ги забележи се клучот за успехот во понатамошните чекори. Кога аплицирате, погрижете се да ги вклучите сите клучни зборови за да не се “сопнете” на првиот чекор.
Прилагодете ја вашата биографија на огласот за кој аплицирате
Секогаш приспособувајте го вашето CV на секој оглас за работа на кој аплицирате. Значи не постои универзално CV. Во вашата биографија, можете да го приспособите вашиот дел за резиме и вештини, но и да ги потенцирате деталите кои се особено важни за секоја работа на која аплицирате.
Внимателно разгледајте ја биографијата
Точност, точност, точност! Пред да ja испратите, внимателно разгледајте ја вашата биографија. Грешките како правопис и граматика можат да ве елиминираат уште на самиот почеток.
Постојат три начини да се регистрирате на саемот
Сега, кога ги совладавте триковите за успешна биографија, време е да го споделите вашето ремек дело со работодавачите на најголемиот онлајн Регионален саем за вработување, во кој учествуваат бројни работодавачи од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија.
Откако ќе ја изберете категоријата која ве интересира и ќе го пронајдете вашиот иден работодавач, аплицирањето на оглас за одредена позиција е брзо и лесно. На дното на секој оглас постои линк за аплицирање (сино копче Аплицирајте) преку кој може да апицирате само на тој оглас. Вашата апликација можете да ја поднесете на два начина:
- со внесување на кориснички податоци (email и лозинка) за да се најавите на вашиот профил на Вработување.ком, а доколку немате, можете да креирате и потоа да се пријавите на огласот.
- без профил на Вработување.ком, само со внесување информации за контакт преку полето Брза Апликација
Доколку се пријавувате на огласот како регистриран корисник кој веќе има отворен профил на нашиот портал, тогаш сите информации ќе бидат вклучени во апликацијата.
Доколку одлучите да се пријавите како гостин, односно како личност без профил, тогаш ќе мора рачно да ги внесувате вашите податоци за секоја апликација.
Исто така, доколку сакате, можете да го олесните целиот процес на регистрација со креирање профил на линкот за да не морате секој пат повторно да ги внесувате вашите податоци.
Ве очекуваме од 15-22 октомври на Најголемиот регионален онлајн саем за вработување, кој ќе ви биде достапен во било кое време од денот, 24 часа на ден, од било кој уред на линкот regionalensaemzavrabotuvanje.com