Следете ги овие едноставни правила и постигнете максимален ефект со вашите огласи
Целта на секој работодавач е огласот да биде виден од што е можно поголем број на релевантни кандидати, а на истиот да аплицираат само најдобрите.
Меѓутоа, понекогаш се случува и најатрактивните компании да потфрлат во оваа цел поради неправилното структуирање на самиот оглас за вработување.
За да го добиете максимумот од секој објавен оглас, ви претставуваме неколку стратегии кои гарантираат успех:
Бидете директни со кандидатите
Најдобрите кандидати се мошне барани, па затоа вашиот оглас мора да биде возбудлив, привечен и убедлив за тоа што ја прави вашата компанија толку атрактивна и зошто можноста за вработување која ја нудите е премногу добра за да се пропушти.
Единствениот начин да го направите ова е да употребите елементи кои веднаш ќе го привлечат вниманието на кандидатот. Запомнете дека не ја истакнувате само работната позиција – туку ја рекламирате и можноста за кариера. Намалете со текстот (професионалците имаат ограничено време). Фокусирајте се само на тоа што е навистина важно. И пред се, обратете им се директно на кандидатите.
Фразите како што се “Идеалниот кандидат ќе поседува...“ заменете ги со “Ова е твојата шанса да направиш вистински импакт благодарение на твоите одлични менаџерски вештини“ бидејќи тие создаваат впечаток кај кандидатите дека оваа работа е токму тоа што го бараат.
Внимателно со називот на позицијата
Придржувајте се до официјалниот назив на работната позиција. Не трудете се да привлечете поголемо внимание преку употреба на креативни називи за работната позиција бидејќи ефектот ќе биде токму спротивното. Се прашувате зошто? Прво, нејасната работна позиција создава конфузија кај кандидатите дали нивниот профил е соодветен за отворената позиција. И второ, хибридните или новоизмислените работни позиции се послабо рангирани на интернет пребарувачите. Огласот за позиција “Офис менаџер“ секогаш ќе биде попрегледан од огласот за “Офис гуру“.
Додадете визуелни елементи
Истражувањата покажуваат дека огласите кои содржат визуелни елементи – слики и видеа привлекуваат за 50 проценти поголем број кандидати во однос на класичните огласи. Не сте сигурни на што да се фокусирате при изборот на визуелни елементи? Првите три работи кои предизвикуваат најголем интерес кај кандидатите се самата компанија, другите вработени и изгледот на работното место. Без разлика на тоа дали ќе се одлучите за брза видео реклама или пак ефективна фотографија со повик за акција, додавањето на визуелен елемент може да биде клучот кој ќе ве истакне во однос на останатите компании.
Тргнете во потрага по работник со порталот Vrabotuvanje.com.mk